СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Вашиот Фејсбук профил можеби е загрозен: Никако не ја отворајте оваа порака

Корисниците на Фејсбук се предупредени на нова „phishing“ лага, дизајнирана да ги украде лозинките и пристапот на приватните профили.

Сè започнува со е-пошта во која жртвата се известува дека нејзините објави ги „загрозуваат правата“ на другите корисници, како и дека ќе го изгуби пристапот до платформата.

Опасен линк

Потоа од жртвата се бара да кликне на посебен линк каде ќе поднесе своја жалба и евентуално ќе ја спречи забраната, пренесува „Express“.

Доколку отвори „url“ ќе види Фејсбук објава која содржи линк за независна веб-страница каде потребно е да се внесат сите податоци, вклучувајќи ја и лозинката од Фејсбук профилот.

Ваквата постапка е замислена да ги излаже корисниците и да обезбеди „влез“ до нивниот профил. Не само што постојат жртви за крадење на идентитетот, туку се губи и пристапот до фотографиите и другите содржини.

„Измамата е единствена по тоа што користи Фејсбук инструкции и ја води жртвата на јавна објава, со што се добива автентичност. Наместо да направат трансфер на „phishing“ страницата тие прво го убедуваат корисникот за сериозноста на проблемот, а потоа го задаваат ударот“, истакнуваат сајбер експертите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content