Се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

0

По тој повод, државни делегации од земјава ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје, а предвидена е и богослужба од страна на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Според најавите, на вечното почивалиште на револуционерот денеска цвеќе ќе положи претседателот Стево Пендаровски и собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

Поради денешното одбележување на 120-годишнината од смртта на Годе Делчев, Министерството за внатрешни работи од вчера воведе посебен сообраќаен режим, информирајќи дека затворена за сообраќај ќе биде улицата „Самоилова“ во подножјето на Скопското кале.

Македонскиот револуционер Гоце Делчев загинал на денешен ден во 1903 година во селото Баница, во битка со османлиските војски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content