СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 % во однос на одлуката од 31.8.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините 0,323 %, кај дизелот зголемување од 4,575 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е 4,647 % и кај мазутот зголемувањето е 3,754 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денара/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 денара/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,489 денар/кг и сега ќе изнесува 45,031 денари/кг.

Од 4.8.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,50 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС$ – 45,031 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините 0,323 %, кај дизелот зголемување од 4,575 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е 4,647 % и кај мазутот зголемувањето е 3,754 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,486 %.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content