СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Септември – светски месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања

Здружението ХЕМА за помош и поддршка на пациенти и нивни негуватели со хематолошки заболувања и оваа година по трет пат го одбележува Септември – светски месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања (леукемии, лимфоми и миеломи) со апел до граѓаните за редовни прегледи кои можат да им го спасат животот.

Секоја година во Македонија околу 500 лица се дијагностицирани со некој вид на леукемија, лимфом или миелом. Леукемијата е најчест тип на рак дијагностициран кај лица од 0-29 години. Во светот над 309.000 лица умираат годишно од леукемија. Околу 74 отсто од глобалната популација не знае дека лимфомот е тип на малигно заболување, информираат од Здружението ХЕМА.

Од Здружението посочуваат дека пандемијата со КОВИД-19 и стравот од вирусот предизвикала се помал број на лица да се јавуваат на редовни прегледи и со тоа, како што велат,  болеста да се дијагностицира во подоцнешна фаза, кога можноста за излекување е намалена и може да доведе до смртен исход. Бројот на новодијагностицирани пациенти со леукемии, лимфоми и миеломи во 2020 година е намален за половина, за разлика од 2019 година, што е прилично невообичаено. Оваа година ХЕМА го одбележува Септември со апел до граѓаните за редовни прегледи кои можат да Ви го спасат животот!

Дополнително, лицата со хематолошки малигни заболувања се во имунокомпромитирачка состојба, и при вакцинација против КОВИД-19 не секогаш ја добиваат истата заштита како здравата популација. Вакцинацијата на целата популација и другите заштитни мерки (носење заштитна маска и држење дистанаца), се најдобриот начин за заштита на овие лица.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content