СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Прогонителката на Жан Митрев ,,дотолчена” од кривичарот Калајџиев

Реакција на експертската јавност по срамното последно рочиште во кое обвинителката Искра Хаџи Василева пред судот доживеа дебакл од свој сведок при прогонот на кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника

За случајот со обвинението на ОЈО против Жан Митрев, се огласи професорот по Кривично право, Гордан Калајџиев.

За него рочиштето за обвинителката е Ватерло што е најголемиот пораз на Наполеон а во јавниот говор симболизира катастрофа во секоја смисла.

„Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! Главниот сведок на обвинителството (доктор од друга клиника) сведочеше практично во прилог одбраната. Наводно измамените никогаш воопшто не се сретнале со “измамникот” д-р Жан Митрев. Од самиот почеток на судењето не ми беше јасно како без вештачење ЈО ќе докаже дека методата на хемофилтрација била помалку ефикасна од она што докторот не им го ни’ ветувал туку го објаснувал на ТВ. Клучниот “доказ” на Јо сега е квазивештачењето на комисијата на Министерството за здравство кое процесно и не може да биде доказ затоа што е мислење кое нема да може да се тестира пред судот што Законот за кривична постапка изречно го забранува. Се ла ви“, напиша Калајџиев на фејсбук.

Зошто обвинителката Искра Хаџи Василева по низата дебакли пред судот не се откажува од обвинението кое паѓа по сите основи засега е нејасно.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content