СДСМ не дојде да ја презентира својата програма пред работниците

40

Секоја посебно, трите опозициски политички партии ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Левица денеска ги презентираа своите програми пред раководството и членовите на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на Свечената Првомајска Академија. СДСМ и останатите партии не присуствуваа, иако беа поканети.

На прес – конференција со Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, Претседателот на КСС, Благоја Ралповски им се заблагодари на политичките партии кои прифатија да учествуваат на Академијата.

Се одлучивме да го одбележиме на овој начин 1-ви мај затоа што во изминатиот период се создаде еден хаос во работните односи, па затоа сакаме да го расчистиме со оние политички партии кои претендираат да дојдат на власт. Денеска беше разговарано за непочитувањето на колективните договори, која е наша прва определба за која од 2017 преку десетици протести постојано ја баравме. Се почитуваат само делумно, па затоа денеска побаравме од политичките партии да дојдат тука и да ги отворат своите програми и нивната работа која ќе ја пренесат во Владата, за да знаеме дали да очекуваме ваков хаос или работите ќе се вратат на свое место, рече Ралповски.

На средбите се разговараше и за други работнички теми, но акцент се стави на понудата на политичките партии.

Министерот Велковски посочи дека имаме добри закони, но дека треба да се почитуваат, додавајќи дека откако е технички министер има дијалог со сите засегнати страни.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content