СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Резултати од конкурсот за сместување во ученички домови

Oбјавени се резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2021/2022 година, a можат да се погледнат на следниот линк.

Примените ученици можат да се сместат во соодветниот ученички дом почнувајќи од 31 август.

При сместувањето, учениците, раководствата и вработените во домовите задолжително да се водат согласно насоките наведени во Протоколот за постапување при сместување на ученици во Јавните ученички домови во Република Северна Македонија во учебната 2021/2022 година.

Кандидатите чии апликации не се прифатени, во следните три работни дена имаат можност за приговор кој се доставува до Министерството за образование и наука (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 54, 1000 Скопје).

Согласно конкурсот кој беше објавен за оваа намена, право на сместување во ученички дом имаат учениците кои ги исполнуваат следните услови: да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2021/2022 година; да се државјани на Република Северна Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Оваа година учениците за прв пат имаа избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски со пополнување на електронска пријава и прикачување на соодветната документација, или со достава на потребната конкурсна документација директно во ученичкиот дом

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content