Регистрирани 883 нови случаи на коронавирус

0

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 536 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-153, Куманово-23, Штип-17, Прилеп-30, Тетово-43, Струга-26, Велес-26, Битола-40, Охрид-18, Кавадарци-21, Гостивар-41, Гевгелија-15, Струмица-13, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-3, Валандово-5, Виница-1, Делчево-3, Кратово-3, Свети Николе-13, Кичево-9, Ресен-8 и Неготино-10.

Во болнички услови починати се 29 лица – дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64), двајца пациенти од Куманово (63 и 82), тројца од Прилеп (76, 67 и 87), двајца од Тетово (65 и 72), пациент од Струга (81), двајца од Велес (77 и 80), двајца пациенти од Битола (64 и 65), двајца од Гостивар (63 и 74), пациент од Валандово (83) и двајца од Кичево (78 и 73).

 

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.134, бројката на оздравени пациенти е 52.949, на починати е 2.254, а бројот на активни случаи изнесува 21.931.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content