СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Регистирани се 978 нови зapaзени случаи

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589.

Во последните 24 часа се направени 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 392, Куманово 51, Дебар 6, Штип 18, Прилеп 29, Тетово 95, Струга 10, Велес 48, Битола 36, Охрид 31, Кавадарци 22, Гостивар 49, Гевгелија 14, Струмица 21, Крива Паланка 8, Радовиш 6, Крушево 2, Кочани 32, Пробиштип 8, Демир Хисар 6, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 9, Валандово 3, Виница 12, Делчево 12, Кратово 6, Свети Николе 8, Кичево 20, Ресен 8, Неготино 14.

Починати се 26 лица, четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

 

Ситуацијата со виpycoт очигледно е излезена од контрола, а Македонија е на самиот врв во регионот по бројот на заразени и по бројот на починати споредено со бројката на направени тестови.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека состојбата со Koвид-19 е критична, а болниците веќе ги полнат сите капацитети.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content