СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Расчистено разбојништво во Прилеп

Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија на криминалистички работи Прилеп, вчера во 13:30 часот во Прилеп го лишиле од слобода прилепчанецот Б.А.(25).

Тој се сомничи дека околу 00:30 часот на ул.„Круме Волнароски” во Прилеп физички го нападнал А.В.(18) од Прилеп и му одзел личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Исто така, Б.А. бил баран и по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content