Прилепчани избраа – ќе се гради инклузивно детско игралиште

4

Ќе се гради инклузивно детско игралиште во Прилеп, проект што ќе придонесе за збогатување на парковските и детските содржини во Прилеп и ќе им овозможи на сите млади да уживаат во играта и забавата на отворено. Одлуката за изградбата на игралиштето е донесена по денешната четврта форумска сесија за зајакнување на капацитетите на општинските совети.

Од ЛС изразија задоволство што е избран најдобриот проект, при тоа потенцирајќи дека ќе се спроведат и други проекти.

Програмата Форуми во заедницата се покажа како одлична алатка за демократски одлуки и соработка со граѓаните, како и носење на квалитетни одлуки за потребите на заедницата.
За реализација на проектот вкупниот буџет изнесува околу 60.000 долари, од кои што Општина Прилеп ќе учествува со кофинансирање од 20%.

-Од името на Општина Прилеп благодарност за поддршката на Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и партнерските општини- вели градоначалникот Борче Јовчески.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content