Прилепска Пиварница прокнижи 145 милиони денари добивка за периодот јануари-септември 2020

0

Во периодот јануари-септември 2020 година остварен е оперативен приход во износ од 1.293.626 илјади денари, а кој во споредба со остварениот оперативен приход во истиот период од 2019 година покажува помало остварување односно остварувањето е 87%. Остварените финансиски приходи во 2020 година во износ од 14.871 илјади денари во споредба со остварените финсиски приходи во истиот период од 2019 година покажуваат помало остварување односно остварувањето е 78%. Во структурата на приходите позначително учество има приходот од продажба на производи и стоки на домашен пазар во износ од 1.263.956 илјади денари и во споредба со ланскиот период има реализација од 87,0%, додека останатите оперативни приходи се остварени во износ од 15.220 илјади денари и кои во споредба со ланскиот период покажуваат реализација од 147%.

Остварените вкупни оперативни расходи во период јануари-септември 2020 година изнесуваат 1.154.116 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период од 2019 година бележат намалување и се остварени во процент од 79%.

 

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Прифаќам Повеќе

Skip to content