Пред да стигне премиерот – изби пожар кај фотонапонската електрана „Осломеј“

0

Изби пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“, јавува репортерот на ТВ21.

Засега причините за пожарот не се познати, и истиот е изгаснат.

Според информациите на ТВ21, се работи за пробна работа и можни се вакви дефекти.

Инаку, денеска премиерот Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски треба да го одбележат завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“ со тест период на целосно монтирана опрема.

Видео прилогот погледнете го ТУКА.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content