Сите 37 песни што ќе учествуваат на натпреварот може да се слушнат и видат на евровизискиот канал на Јутјуб.
Годинава, натпреварот ќе се одржи во Малме, Шведска. На 7 и 9 мај ќе се одржат двете полуфиналиња, а големото финале е на 11. истиот месец.
Во моментов, според обложувалници на интернет, најмногу шанси за победа имаат песните на Швајцарија, Хрватска, Холандија, Италија и Украина.