СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Потребна е секоја помош! Да и’ помогнеме на Весна Крстеска од Прилеп да ја добие битката со paкот

Весна Крстеска од Прилеп боледyва од метacтатски paк на белите дpoбови. Има две деца, 20-годишна ќерка и 13-годишен син, а сега и’ е потребна сета наша помош.

“Во изминатите речиси две години, она што ме одржа во живот и ме натера да се борам беа зборовите на моето семејство како “мамо издржи”. Благословена сум и среќна што го поминувам животот со моите деца, сопругот и семејството. Целиот мој живот по посветив на науката…Се надевам дека науката ќе ме спаси. На почетокот на 2021 година, ми беше дијагностициран рак на не-мал белодробен аденокарцином (инхибиција на ЕGFR/TKI) кој се прошири на моите лимфни јазли, коски, црниот дроб и панкреасот. Поради метастаза во црниот дроб ми беа блокирани жолчните канали. Морав да направам итна операција на билијарен бајпас. Ова беше целосен шок за целото мое семејство. Никој не очекува ова да се случи. Кога ќе се случи, вие сте принудени да се борите. Денеска се борам за моите деца, мојот сопруг и моето семејство. Мојот онколог ме зеде по нејзино крило. Таа ми даде надеж за живот и ми помогна да уживам во овие месеци со моето семејство. Таа ми рече, “ова не е математичка равенка – ние ќе се бориме”, вели Крстеска.

По 4 циклуси на хемотерапија и употреба на Erlotinib во текот на цела година (овој лек се користи во случаи на напреднат и не-мал белодробен аденокарцином (NSCLC, инхибиција на EGFR/TKI)), ракот бил во регресија.

-Бевме понадежни од кога било. Молејќи се работите да останат вака. За жал, бидејќи работите понекогаш се менуваат на полошо во животот, ПЕТ скенирањето во јули 2022 година откри нова метастаза на мојот црн дроб. Ракот напредуваше. Бев подложена на аблација на црниот дроб во септември 2022 година. Денеска состојбата ми се влоши и здравствената состојба ми стана критична. Гледањето на насмевките на моето семејство и позитивното охрабрување е она што ме одржува понатаму. Мојот радиотерапевт-онколог реши да ми препише Тагрисо (80 мг). Овој лек е произведен од AstraZeneca. Тој е одобрен за широк спектар на употреба, откако ќе даде ветувачки резултати во успешно лекување на ракот. Кога ми кажаа дека постои лек кој евентуално може да ме спаси и да ми дозволи да бидам со семејството и моите деца многу подолго отколку што мислев – не размислував два пати за тоа. Па, зошто го пишувам ова денес? Живеам во Македонија, каде просечната плата е 400-500 евра месечно и, за жал, државата не ги покрива лековите преку ФЗОМ. Овој лек чини над 3000 евра месечно – со исклучок на сите други терапии, лекови, операции кои исто така мора да се платат. Јас и моето семејство ќе треба сами да си го платиме ова… Затоа бараме ваша помош. Се надеваме дека ќе собереме што е можно повеќе за да помогнеме со разни скенирања, тестови, терапевти – но што е најважно, лековите. Со вашата помош во овој прибирање средства, се надевам дека ќе можам да го добијам третманот и лековите што очајно ми требаат. Сакам да имам шанса да живеам, да видам како моите деца растат, завршуваат училиште и да бидам тука за нив колку што можам. Моите деца, мојот сопруг и јас ви благодариме од се срце што одвоивте време да ја прочитате оваа приказна. Ве молиме споделете со пријателите и семејството, ако можете, за да имам борбена шанса да живеам – вели Весна.

Сите оние кои сакаат да донираат тоа можат да го сторат на следниот ЛИНК, или на следната трансакциска сметка: 210501556420921

Име: Весна Крстеска, адреса: “Адем Адемоски” 14 Прилеп, банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, цел на дознака: за донација за лекување.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content