СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Потпишан договор за рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици

Денес го потпишавме договорот за рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп, со фирмата изведувач. Имајќи ја во предвид состојбата во која се најдуваат голем дел од улиците, после направената анализа дадовме предност на улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години. Ги исполнуваме нашите ветувања и започнуваме една градежна офанзива која што ќе трае континуирано до крајот на оваа календарска година. Со оваа рехабилитација на над 60 улици како што е нашиот план и подобрувањето на патната инфраструктура, дефинитивно ќе ја зголемиме безбедноста во сообрајќајот а се разбира и нивото на услуги на сите граѓани корисници во сообрајќајот. Ова е само почеток на градежните активности за голем број на проекти кои што ќе се реализираат во оваа година. Нашата цел останува иста, работиме и ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на нашите сограѓани – стои во соопштението од градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content