Полската национална агенција за академска размена во академската 2022/2023 година во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists), за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии, објави Министерството за образование и наука.
Стипендиите се доделуваат согласно позицијата на Полска во рамки на Берлинскиот процес, а почнувајќи од академската 2022/2023 година, NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+.
Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до Министерство за образование и наука на Македонија до 15 април 2022.