СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Подароци за 8-ми март што нема да ве чинат ништо

Доаѓа денот на жената, а речиси сите сме во еуфорија каков подарок да избереме за нашите најблиски.

Сепак, постојат некои подароци што нема да ве чинат ништо, а вашите блиски вечно ќе се сеќаваат на нив. Се што ви треба е само малку труд и време.

Цитат од омилената книга, песна
Изберете цитат од омилената книга или песна на вашите блиски. На парче хартија напишете го истиот, украсете го и ставете го во рамка.

Можете да изберете хартија во боја и секако при предавањето на подарокот треба и да појасните зошто сте го избрале одредениот цитат. Со овој подарок сигурно ќе го изненадите затоа што не станува збор за готов подарок, туку за знак на внимание за што сте се потрудиле.

Пораки на стратешки места во домот
Пораки на хартија што стратешки ќе ги поставите на разни места во домот. Сетете се на некои заеднички мигови, напишете ги на парче хартија и ставете ги на места каде што тие ќе ги видат.

Дури и едноставните пораки од типот „Само да ти кажам дека те сакам“, ќе ве потсетат на она што е важно. Пуштете ја фантазијата и сетете се на некои заеднички мигови, а преку картичките ќе ги оживеете.

Строго чуван семеен рецепт
Идеален подарок.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content