СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Повеќе луѓе починаа отколку што се родија деца во последните три месеци од 2021 година

Во последните три месеци од минатата година во Македонија се родиле 5.015 деца, а починале 7.186 лица што претставува негативен природен прираст на населението од - 2.171 жител.

Според податоците на Државниот завод за статистика зголемен е бројот на новородени деца во споредба со истиот период од 2020 година, но сепак е продолжен негативниот природен прираст. Помалку склучени и помалку разведени бракови се карактеристика за овој период.

Во четвртото тримесечје лани, во земјава се евидентирани 5.015 живородени деца, што е зглемување од 12,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2021 година е 7 186, од кои 34 се умрени новороденчиња и бележи намалување од 23,9 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година.

Природниот прираст е -2 171, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3,5 отсто во однос на истиот период во 2020 година, односно склучени се 2.707 бракови.

За ова тримесечје се добиени 499 извештаи за разведените бракови, што претставува намалување за 5,3 проценти во споредба со истото тримесечје во 2020 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content