ПМФЛ: Работнички против хитот на пролетниот дел

0

Утре се играат сите останати мечеви од ова коло во нашата елитна лига.

И Работнички и Пелистер во овој меч влегуваат со победнички ритам. “Романтичарите“ минатиот викенд дома го победија Борец, а Пелистер пак славеше во вечното дерби против Вардар. И двете екипи се во добра форма, посебно ова се однесува на битолските “зелени“ кои се пролет хит во ПМФЛ. Имаат четири победи, две ремија и само еден пораз, и тоа од Шкендија во Тетово.

 

Затоа очекуваме добар, тврд натпревар, неизвесен  во секој случај. Работнички со трите бода и натаму се уште е во „игра“ за тоа трето место кое води во Европа, додека Пелистер сака што побргу да стави печат на опстанокот во лигата.

Традицијата е на страната на Работнички, досега овие две екипи одиграле 56 официјални мечеви, 28 пати победи Работнички, 13 завршиле без победник а Пелистер има само 15 триумфи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content