Пет намирници од кои вирусите најмногу „се плашат“

0

Најдобар начин во вашиот организам да внесете витамини и да го заштитите од вируси е да се храните здраво, со намирници богати со витамини кои и тоа како ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем.

Еве што треба да додадете во вашето мени за исхрана

Спанаќ

Една шолја варен спанаќ ќе ви даде и повеќе од дневната потребна количина на витамини, 30 отсто витамин Ц, 20 отсто витамин Е и 15 отсто цинк.

Сончоглед

Само три големи лажици сончоглед обезбедуваат 90 отсто од дневната потреба за витамин Е. Една лажица семки додадете во јогурт или салата за да го зголемите нивото на витамини во телото и да го зајакнете одбранбениот систем.

Јагнешко месо

Само четири грама јагнешко месо ќе ви обезбеди дури 50 отсто од дневната потреба за селен и 38 отсто цинк.

Црвена пиперка

Една шолја исечкана свежа црвена пиперка ќе ви обезбеди 291 отсто од дневната потреба за витамин Ц, што е и повеќе од портокалот.

Шампињони

Eдна порција шампињони содржи над 50 отсто дневна доза на селен која ви е потребна и 15 отсто цинк. Може да ги испржите заедно со сок од домати и да ги послужите со тестенини.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content