Пелагонија се подготвува за сеидба на рани пролетни култури

54

Според мартовскиот земјоделски календар на Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството со седиште во Битола, во овој период се врши подготовка на азотни ѓубрива и механизацијата за прихрана на есенските посеви, посебно на житните култури кои се најмногу истоштени од зимскиот период, со исцрпени резерви од јаглени хидрати и поради тоа имаат потреба од лесно апсорбирачки азот.

„Во овој период од годината се врши подготовка на почвата за сеидба на раните пролетни култури. Во тек e, или привршува прихранувањето на есенските култури, а истовремено се врши сеидба на луцерка, додека во втората половина од месец март ќе се сее сончоглед. За овој дел од Пелагонија карактеристично е и одгледувањето на тутунот, и тоа вклучува два агротехнички периоди, производство на расад и одгледување на нивата. Производството на расад се организира во или блиску до населено место, на рамни, оцедни, заштитени од ветер, топли и плодни почви. Тутунскиот расад се одгледува на леи покриени со најлон. Подготовката на семето бара дезинфекција и `ртење. Сеењето на леи се врши токму во текот на месец март“, велат за МИА, агроексперти од битолскиот дел на Пелагонија.

Активни се и градинарите кои се подготвуваат да садат домати, пиперки, модар патлиџан, праз, а на отворено ќе се сее и грашок.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content