СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Вака е кога закачаш Кинез, ќе ти го каже

Малку-малку па официјален Вашингтон ќе го поткачи Пекинг, чисто светот да се потсети на која релација ќе биде главната глобална теревенка. Темата не е битна, некогаш тоа се човековите права, некогаш трговски цаки, некогаш клима.... Најперверзно е кога САД ќе ја обвинат Кина за некакви воени замешателства.

Она што загрижува е деструктивното влијание на САД врз светскиот мир и стабилност. Америка е најголемиот произведувач на војни. Во својата 240-годишна историја, САД не војувале само 16 години.

САД ги иницираше 80% од вооружените конфликти во светот од крајот на Втората светска војна. САД најмногу го крши суверенитетот на другите земји и се меша во нивните внатрешни работи. По завршувањето на Втората светска војна, САД се обидоа да срушат повеќе од 50 странски влади, насилно се вмешаа на избори во најмалку 30 земји и се обидоа да убијат повеќе од 50 странски лидери.

САД сè уште се најголемиот извор на конфликт. Војните на НАТО во Авганистан, Ирак и Сирија под водство на САД резултираа со смрт на повеќе од 900.000 луѓе и 37 милиони бегалци.

Сè додека траат американските хегемонистички политики и насилнички тенденции, во светот нема да има мир.

Ванг Венбин, портпарол на кинеското МНР.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content