Пандов од пред затвopот во Прилеп

62

Пандов во продолжение ја прочита и донесената Декларација за правда и слобода за политичките осуденици во Македонија донесена од страна на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и Патриотскиот институт.

– Тргнувајќи од одредбите на Уставот на Република Македонија за сувереноста на државата и суверенитетот кој произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, потенцирајќи ги темелните вредности на уставниот поредок на Македонија како основните слободи и права на граѓаните, владеење на правото и еднаквоста на граѓаните, посочувајќи ја уставната преамбула и историските одлуки со кои граѓаните на Република Македонија ја конституираа Република Македонија како држава во која се воспостави и зацврсти владеењето на правото и ќе се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“ донесе Декларација за правда и слобода за политичките осуденици во Македонија, појасни Пандов.

Пандов посочи дека констатирајќи ги дека јавно познатите политички обвиненија и лажни сведочења за настаните од 27-ми април 2017-та година на кои се темелат драконски и неправедни судски пресуди Унија на ветерани н а ВМРО-ДПМНЕ и Патриотскиот институт изјавуваат дека борбата за правда и слобода за неправедно осудените ќе продолжи се до исправање на нанесените неправди.

– Под еден, физичкото насилство извршено од неорганизирани поединци го осудуваме, но не на „тероризам“, бидејќи таков објективно и фактички немаше – за разлика од судско обвинителскиот терор со злоупотреба на моќ и монтирани процеси, кој е очигледно за секој чесен и објективен граѓанин на Македонија. Под два, осудените во овие политички процеси се жигосани без докази за делото за кое се осудени, со цел да се сее страв меѓу граѓаните и да се остваруваат политички цели, а не правда и правдина. Потсетуваме дека луѓето кои физички го овозможија влезот во Собранието на 27-ми април 2017-та година се на слобода истргувана на познат начин, а креаторите на пеколни планови се далеку од познати.

Под три, го потенцираме ставот на бројни и врвни независни еминентни правници во Македонија, но и надвор од неа на реномирани универзитети и државни институции во земјите на ЕУ и пошироко, кои на специфичен начин го коментирале правниот настан и дури и носеле одлуки во врска со истиот, квалификувајќи го како политички, а не како правен процес. Истовремено и најголемите светски демократии во слични и полоши околности од оние на 27-ми април 2017 во Македонија не настапувале со политички конструкти како „тероризам“, туку својот суд го мереле единствено на фактичките докази и на фер и темелна неселективна судска постапка. Под четири, ги повикуваме последните инстанции во Македонија кои може да донесат правична одлука, да го следат правото и да ги поништат осудителните одлуки на судовите во прв и втор степен, базирани на политички обвинителен акт и врз лажни искази и сведочења, без никакви суштински и вистински докази за непостоечкиот тероризам, појасни тој.

– И под пет, Декларацијата ќе се достави до претседателот на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија и претставници на меѓународната заедница, нагласи Пандов.

Пандов образложи дека настаните на 27-ми април пред и по отворањето на вратите на Собранието го променија текот по кој се движи македонската држава. Применувањето на политичка сила и судско-обвинителскиот терор преку еклатантни монтирани процеси, подигрување со правото и уништување на човечки судбини, потпомогнато од хајките на медиумските лакеи кои „произведуваа и бркаа вештерки“, оставија трајна дамка врз организираноста на државата, многу поголема од физичкото насилство кое никој не го поддржува.

Оваа декларација има за цел да биде гласот на секој објективен и чесен граѓанин на Република Македонија кој не трпи неправди, ја сака својата држава и се бори секојдневно за почит на нејзиното минато, подобра сегашност и перспектива во иднината, рече Пандов.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content