СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Победа за професорот кој одбивал студент да нарекува студентка

Американски универзитет ќе му плати добра цифра на свој професор кого го има казнето затоа што на машки студент му се обраќал како на машко а овој сакал да му се обраќаат како на женско. Професорот случајот го добил откако се повикал на своите верски права и убедувања по кои се знае што е машко а што женско.

Државниот универзитет Шони во Охајо постигна договор со свој професор кого го беше казнил заради одбивањето на професорот да ги користи преферираните женски заменки за еден машки студент.

Универзитетот ќе му плати на професорот по филозофија Ник Мериветер 400.000 долари за отштета и адвокатски такси и ќе го поништи писменото предупредување што го издаде како одговор на жалбата на биолошки машки студент дека професорот одбил да користи женски заменки во обраќањето кон него.

Гревот настанал кога одговарајќи му на прашање, професорот му рекол на студентот „да, господине“ па овој му рекол дека преферира да му се обраќа како на „госпожа“.

Мериветер тоа го одбил со објаснување дека желбите на студентот се косат со неговите верски убедувања како христијанин.

Мериветер понудил студентот да одбере какво год сака лично име па да му се обраќа по тоа име, но  овој ја одбил понудата инсистирајќи на користење женски заменки. Следела жалба по што универзитетот проценил дека професорото креирал непријателска атмосфера и му наредил на студентите да им се обраќа онака како што тие бараат од него.

Мериветер го тужел универзитетот дека ги крши неговите верски права загарантирани со првиот амандман, по што дошло до спогодба и плаќање добра цифра.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content