Падна првиот снег во Маврово, Ниже Поле, Крушево, Малешевијата

42

Падна првиот снег во Маврово, Ниже Поле, Крушево. Снежните врнежи се најизразени кај месноста Крива Круша во Пехчевско.

Сообраќајот, се одвива по влажни коловози, на места прекриени со снег.

Поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 9:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content