СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Директорот на МЕПСО предупредува дека енергетската состојба е лоша

Македонија со опомена од Швајцарската база која го контролира европскиот енерегтски систем, дека земјава на големо троши струја од мрежата со која енергетски е поврзана со соседите. Потрошувачката била многу поголема од она што се произведува и увезува.

Ни престои тешка зима, како ќе паѓаат температурите , состојбата со струјата ќе биде се потешка, велат од Мепсо. Од таму велат дека во моментов земјава се снабдува со струја од еден блок во Рек и Тец Осломеј кој работи од вчера и има резерви за уште неколку дена. Состојбата со хидроенергијата е лоша, ниту дождовите нема да помогнат да се наполнат акумулациите. Сепак од Мепсо уверуваат, засега нема потреба од прогласување на вонредна сосотјба како што тоа го направи Албанија.

Од Мепсо уверуваат дека сите фирми кои во изминатиот период ги трошеа резервите на струја од  компанијата, платите се заклучно со јули. Во следниот период Мепсо ќе пресемтува колку треба да платат уште за август.

Цената на струјата руши рекорди на светските берзи, Рамадани се надева дека цената ќе почне да паѓа, во спротивно ситуацијата на глобално ниво ќе биде уште потешка.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content