Ќе слушнеме добри песни, две вечери исполнети со музика која преставува мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината, а меѓу познатите изведувачи ќе видиме и многу ѕвезди од екс ју, велат организаторите.
Во склоп на првата фестивалска, фолк вечер публиката ќе ужива во 17 нови композиции, а во ревијалниот дел ќе настапи групата „Легенде“ од Србија. Во втората, интернационалната вечер ќе се претстават 20 изведувачи, а покрај македонските интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија. Во ревијалниот дел, пак, ќе настапи Владо Калембер.