СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Две нови комисии за туѓа нега првпат формирани за Прилеп, Гевгелија и oколните општини

Министерството за здравство информира дека првпат се формирани две нови Комисии за туѓа нега (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост), за граѓаните на Прилеп и Гевгелија и регионот.

Покрај постоечките комисии, во државата, новоформираните ќе одговорат на потребите на пациентите од овие два града, како и околните општини. Комисијата за издавање конзилијарно мислење и наод, освен во Прилеп, ќе ги покрива и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, а Комисијата во Гевгелија освен оваа општина ќе ги опфати и општините Богданци, Валандово и Дојран.

„Со формирањето на двете нови Комисии за овие места ќе се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице. Сега граѓаните нема да треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат“, велат од МЗ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content