СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Освен Димитров, апанажа бараат и Шекеринска и Царовска

Освен вицепремиерот Никола Димитров, и досегашните министерки за одбрана, Радмила Шекеринска и за образование, Мила Царовска, побарале апанажа, потврдија од Собранието.

Одлуките ги носи Комисијата за избори и именувања, која веќе ги одобри барањата на екс-фунционерите на Беса, Аријанит Хоџа, кој беше министер за земјоделие, и на поранешниот заменик-министер за култура, Седет Сулејмани. Фунционерите имаат 30 дена рок по завршувањето на мандатот да побараат апанажа, која според законот за плати на избрани и именувани лица, ќе ја добиваат една година, доколку биле најмалку две години на функција..

Екс премиерот Зоран Заев, веќе соопшти дека нема да бара апанажа, туку ќе се вработи во некоја од семејните фирми, а ќе користи дел од обезбедувањето на МВР што му следува според законот.. Апанажа нема да бара ниту поранешната министерка за култура Ирена Стефовска, која се враќа во Интитутот за национална историја. Екс минстерката за труд Шахпаска пак, веќе се вратила на својата работа интернист во Здравствениот дом во Пехчево, а на својата лекарска професија се врати и екс-министерот Венко Филипче.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content