СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Оризопроизводителите најавуваат нови блокади

Оризарите од Кочанско, во вторник излегуваат на масовен протест поради арогантниот однос на министерството за земјоделие и откупувачите по однос на нивното барање, минималната цена на арпата да не биде под 25 денари.

Згора на тоа, во екот на жетвата воопшто и не се откупува ориз, а приносот стои по амбарите.

– Цените се депресивни и се движат помеѓу 15  и 18 денари, цени кои декларативно се споменуваат, меѓутоа откуп воопшто не постои. Значи, земјоделците се во една незавидна ситуација во која не можат да ги сервисираат тековните обрвски. Социјално бил рекол дека, се најранлива категорија, бидејќи во прашање е доведен секојдневниот опстој на тие луѓе, изјави Ставре Јанев, самостоен синдикат на земјоделците.

За покривање на основните егзистенцијални потреби, оризарите предлагаа да се изврши итна исплата на основните субвенции до крајот на месец октомври, а во меѓувреме да се дефинира откупната цена. Според нив, не е логично продукт со производна цена од 23 денари по килограм да се откупува поевтино, а во малопродажба да се продава двојно повеќе.

– На пазарот оризот се продава по 70 и 80 денари, а нам ни го плаќаат 35 денари белиот ориз. Значи, тоа е срамота. Производителот што го произведува нема никаква заработка, а трговецот заработува 100%, изјави Коце Анѓелов, оризопроизводител од с. Облешево.

Ситуацијата е далеку посложена ако се има предвид дека не рентабилното производство го губи интересот кај младите земјоделци, кои масовно се иселуваат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content