СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Од 1 јули Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Будва. Состанокот се случува неполн месец дена пред формалното преземање на претседавањето од страна на Македонија, на 1 јули.

По пленарната сесија, заедно со претставниците на Тројката претседавачи – Грција, Црна Гора и Македонија – Османи ќе одржи конференција за медиумите, додека на маргините на министерскиот состанок, ќе има и билатерални средби со свои хомолози, земји-членки на иницијативата.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа е формиран во јуни 1996, со цел продлабочување на односите и соработката меѓу земјите од регионот. Иницијативата стреми кон создавање на регион темелен на демократија и економски просперитет и целосна интеграција на овој дел од континентот во европските и евро-атлантските структури.

Македонија е вклучена во иницијативата од самиот почеток а претседаваше со неа во два наврати, 2000-2001 и 2012-2013 година. Покрај Северна Македонија, членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдова, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content