Претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимовски, денеска најави дека од 1 јануари ЕВН Хоме како универзален снабдувач ќе ја соопштува новата цена на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.
ЕВН Хоме ќе ја пресметува и определува наместо РКЕ, а Регулаторот само ќе проверува дали калкулациите се точни.
Бислимовски денеска потврди дека регулаторите само ќе го проверуваат тарифниот систем и начинот на пресметка.
– Прв пат го применуваме, станува збор за усогласување на нашето законодавствопто со европското, рече Бислимовски
Неизвесно е дали вака цената ќе биде повисока, но Бислимовски рече дека актуелниот модел го користат само уште две земји од регионот.