Од попишани 3.504 лица, само 196 Бугари ќе гласаат во Македонија на предвремените парламентарни избори во Бугарија
На официјалната страница на бугарското МНР, објавени се списоците со лица што се пријавиле да гласаат во Македонија.
Во Скопје се пријавени 15 лица, во Битола 9, во Кавадарци 42, во Прилеп 41, во Струмица 22, во Тетово 40.
Предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 2 април.
На последниот попис спроведен во Македонија вкупно 3.504 лица се изјасниле како Бугари.