СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Најавена Counter-Strike 2

Valve ја најави верзијата Counter-Strike 2 од оваа најверојатно најпозната игра во светот. Играта беше претставена пред 23 години, а оваа најнова верзија доаѓа после повеќе години од моменталната верзија која има и најголема популарност.

Играта започнува како модификација на тогаш познатата Half-Life, по што во 2000 Valve го презема развојот и слободно може да се каже ја прави оваа игра легендарна.

Новата верзија, односно Counter-Strike 2, може да се очекува ова лето, иако се’ уште не е објавена точната дата на официјалното пуштање. Мал дел од корисниците на CS:GO ќе добијат пристап до новата верзија и со тоа ќе учествуваат во тестирањето пред официјалното пуштање. Оваа верзија, очекувано, доаѓа како бесплатна надградба за сите корисници на CS:GO.

Од Valve новата верзија ја најавуваат како најголемиот технолошки скок во историјата на Counter-Strike. Оваа надградба ќе овозможи нови функции и надградби во годините што следат.

Сите новини кои се дел од Counter-Strike 2 ќе биде објавени со официјалното пуштање на играта, а сега се издвоени неколку кои ја прават главната разлика и кои ја донесуваат играта во модерното време.

Responsive Smoke е една од поголемите новини и од Valve ја нарекуваат „game changer“. Гранатите со чад се целосно преработени и истите сега ќе имаат интеракција со својата околина, со светлината, со куршумите и експлозиите. Чадот ќе има многу пореално проширување во околината, што значи дека истиот ќе се шири низ отворените врати и прозори, ќе се проширува нагоре и надолу, како и низ долгите коридори.

Исто така многу важна промена е целосната преработка на мапите кои сега ќе бидат појасни, со повеќе светлина и генерално подобро направени и пореални. Истите се направени на основа на Source 2, технологијата и алатките на кои се прави Counter-Strike, а истите ќе им бидат достапни на корисниците при креирањето на сопствени мапи.

Counter-Strike 2 ќе донесе доста подобрено движење и генерална интеракција во играта. Ова е благодарение на новиот систем наречен „sub-tick“ кој ќе ги ажурира информациите на серверот во моментот кога се случуваат, наместо на предодредени интервали.

Valvе најавува дека сите визуелни ефекти се целосно преработени, што ќе донесе пореално гледање на куршумите и кога истите ќе погодат во нешто, пореални експлозии и ефект на околината, а тука се и промените во информациите кои се прикажуваат на екранот.

На сето ова треба да се додадат и новини поврзани со звукот кој исто така треба да биде пореален, поточно да ја отсликува околината, точно да се издвојува од другите звуци и слично.

Counter-Strike 2 уште од сега се гледа дека е огромна надградба, каква што заслужува оваа игра која одамна не е променета, но сепак е една од најмногу играните игри во светот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content