СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Од денеска течат десете дена за Пендаровски го додели мандатот на новиот мандатар

Од денеска почнуваат да течат десете дена за шефот на државата Пендаровски да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

По добивањето на мандатот, новиот мандатар во рок од 20 дена ќе треба до Собранието да поднесе програма и да го предложи составот на владата, а новата влада се избера со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.

За мандатар се очекува да биде предложен новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој откако би го добил мандатот, би требало во првата половина на следниот месец да ги достави програмата и составот на новиот владин кабинет до Собранието.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content