Одобрена финансиска поддршка од 53,4 милиони евра за инвестиции на 49 компании

0

Владата синоќа на седница одобри финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра.

За финансиска поддршка аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена/дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори.

 

 

Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните инвестиции во тековната година, согласно условите и критериумите утврдени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10% до 20%, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра.

Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content