СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Одличен резултат од гостувањето во Штип

Со головите на Мазари и Нигериецот Дадет во второто полувреме, Победа успеа да земе бод од тешкото гостување попладнево кај Брегалница во Штип.

Брегалница играше со играч помалку уште од 10-та минута на натпреварот, кога црвен картон доби играчот од Уганда во нивните редови, но и покрај тоа, штипјани стигнаа до високи 2:0 на полувремето со двата брзи погодоци на Додев во 17. и 21. минута.

Во вториот дел видовме една нова Победа на теренот, помотивирана и желна да освои бодови, па веќе на стартот од вториот дел прецизно стрелаше Мазари во 48-та минута, а на 2:2 изедначи Нигериецот Амос Дадет, за кого ова е прв погодок во 12 настапи за црвено-белите.

Победа сега избега од опасниот дел на табелата, има натпревар помалку и бод повеќе од Академија Пандев, која попладнево загуби на домашен терен од Тиквеш. До реми стигна фенерџијата Скопје, кој успеа да се избори за бод дома против лидерот Струга.

Прволигашкиот фудбал продолжува на 19.02. идната година, кога Победа ќе го дочека Работнички.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content