Во услови на недостиг од лебни зрно, овчеполските земјоделци бараат да им се додели не искористеното земјоделско земјиште. Револтирани се заради нетранспарентноста распределба.
– Имаше огласи за земја, монтирани, пред време се знае кој ќе земе земја, кој нема да земе. Одбиваат, враќаат апликација, се и сешто, изјави Ангелчо Стојчев, претседател на овчеполски Фармер.
За десетина дена стартува жетвата на јачменот, од кој годинава се очекува солиден род, но реколтата на пченицата ќе потфрли и тоа повторно заради несериозност однос на ресорното министерство.
– Беше овде заменикот министер, му побаравме да интервенира да ни се дадат по 2 вреќи ѓубре по декар и да ни пуштат пари. За недела дена ќе ви ги вртиме, ама нема ништо од тоа. Земјоделците не фрлија ѓубре, не можеа да истретираат добро со вештачки ѓубрива и пестициди, додаде Стојчев.
Се пожалија и дека нема квалитетен семенски материјал, а доцнат и субвенциите.
– Субвенции за житни култури не се земале 70 до 80%, а семенската роба што ја зимаме е катастрофална, изјави Стојчев.
Стојчев е најголем производител на житни култури во Овче поле, а во здружението има 1300 регистрирани земјоделци. Очекуваат приносот од пченица да биде далеку под просекот, односно помеѓу 1000 и 1500 кг по хектар. За да се надомести загубата, неопходно е зголемување на површините под лебно зрно.