СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија за МПЦ

Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

„Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА“, рече српскиот патријарх Порфириј.

Додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

„Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА“, изјави патријархот Порфириј.

„Да се радуваме денеска, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и змејата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божје. Да се радуваме сите ние кои после 55 години служевме Света литургија, прво во Белград, а сега и во Скопје, за само неколку дена. Бог не ги постави границите да се делат луѓето. Границите значат можност секој народ подобро да се организира да има свој посебен печат. Не да се затвори во себе, не да биде самозаљубен. Бог ја создаде различноста и секому даде дар на посебност“, кажа тој.

„Вашата љубов и молитви и во Белград и тука помогнаа да се надмине искушението и Господ да направи чудо. Дека не можеме едни без други. Воспоставивме единство
Ви носиме уште една радост“, истакна Порфириј.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content