СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Облачно време со локални врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, слаби во централните делови од земјата и на југоистокот претежно од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени, јави УХМР.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд кој понекаде ќе преминува во снег. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 6 степени.

Во следните денови ќе се задржи умерено до значително облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег. Од вторник ќе дува умерен, а по должина на Повардарието до повремено засилен претежно северен ветер. Температурите ќе се задржат пониски, а од среда ќе бидат и значително под просекот за овој период од годината.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content