СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Ни доаѓа Василица: Еве што треба да направите за да ве следи среќа цела година

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кpшат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

 

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнoви, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги пpогонуваат лошите сили.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век.

Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упо коил на 14 јануари во 379 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content