Ниту две плати во Македонија не се доволни за нормален живот

0

Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија, граѓанинот со минимални примања може да заработи само за леб и вода. Па така, ниту две минимални плати не се доволни за да преживее едно четиричлено семејство во Македонија. Според синдикатот, во просек околу 50 евра му фалат на секое семејство да ги подмири основните трошоци, кои вртоглаво растат секој месец.

Колку за илустрација од почетокот на годинава до сега скоро за 1.000 денари се зголемени основните месечни трошоци. Ако лани на семејството му биле потребни 32.791 денар, годинава тие изнесуваат 33.742 денари. Куповната моќ и стандардот и натаму остануваат болна тема меѓу граѓаните. Граѓабните се жалат дека едвај преживуваат.

 

Ма каква живеачка, ова е катастрофа, не се издржува. Како што сме тргнале, не знам до каде ќе стигеме. Мислам дека не се издржува ова, многу е тешко, немаме ни денар, не можеме да врземе крај со крај, од ден на ден станува се потешко и потешко. Ниту ниските плати, ниту малите пензии не се доволни за да преживееме, едноставно „купи ден продај“, се жалат граѓаните.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци, како и за плаќање режиски трошоци. На едно просечно семејство, кое живее во дом од 50 квадрати и нема кола, потребни му се речиси 14.200 денари за храна, а околу 8.500 денари само за плаќање сметки. За лична хигиена, минималните трошоци изнесуваат околу 2.400 денари.

Дека живеачката од ден на ден е се поскапа, и граѓаните едвај преживуваат, Државниот завод за статистика веќе објавени податоци кои покажуваат дека речиси една четвртина од граѓаните тонат во сиромаштија. Според последните податоци, 455.600 луѓе живеат во тешки услови.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content