Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели

Денес остварив координативна средба со претставници на кабинетот на претседателот на Влада, кабинетот на министерот за добро владеење, министерство за финансии, министерство за внатрешни работии министерството за енергетика и рударство, напиша на Фејсбук директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

-Носиме решенија за единствен регистар на возила и истите да добијат соодветни таблици, односно таблици во боја како службените возила лесно би се идентификувале. За тоа е потребна и интервенција во законот која ќе биде направена. Целта е да се направи полесно следење на употребата на службените ресурси и да се зголеми транспарентноста при користењето на заедничките добра, како и воспоставување на механизам за заштита од можна злоупотреба. Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели. Посветено исполнуваме уште едно ветување, истакна Томовски

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content