„Некст Тајм“ го промовираа новиот албум

0

Во преполната сала на хотелот момците од „Некст Тајм“, заедно со својот бенд во живо на чело со музичкиот продуцент на албумот Николче Мицевски за присутните изведоа неколку песни, додека пак на крајот тие ја испеаа и нивната „лична карта“, „Ја излези Ѓурѓо“ и тоа заедно во дует со нивниот голем пријател и колега Влатко Лозаноски – Лозано.

„Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија. Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија – рекоа тие на промоцијата.

Како што кажавме, помеѓу присутните можевме да забележиме доста познати личности. Тука беше и нивниот голем пријател, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, политичарот Илија Димовски, Ленин Јовановски, спортиската Власта Ружиновска, пејачката Елена Ристеска, виолинистот Виктор Ангeлов, џез-пејачката Агни Авшар и многу други.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content