Неколку земји со неправилни шеми на гласање на Евровизија

22

Партнер на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го следи гласањето за време на Евровизија, рече дека резултатите на шест земји идентификувале „одредени неправилни шеми на гласање“.

Иако во изјавата не е експлицитно наведено кои се „неправилните шеми на гласање“, српските медиуми пишуваат дека тоа не може да се однесува на ништо друго освен на моделот на гласање на соседните земји или европските „блокови“ – како скандинавските земји – традиционалните 12 поени што ги разменуваат Грција и Кипар на секоја Евровизија, но и поените што си ги даваат земјите од поранешна Југославија.

„Со цел да се усогласи со Насоките за гласање за натпреварување, ЕБУ работеше со својот партнер за гласањето за да пресмета заменски збирен резултат за секоја земја како и за второто полуфинале и за големото финале (пресметано врз основа на резултатите од другите земји со слични гласачки записи)“, стои во соопштението.

Овој процес беше признаен и од Независниот мониторинг на гласање, се наведува понатаму.

„ЕБУ многу сериозно ги сфаќа сите можни обиди да се манипулира со Изборот за песна на Евровизија и има право да ги отстрани таквите гласови во согласност со Официјалните упатства за гласање, без разлика дали таквите гласови веројатно ќе влијаат на резултатите и/или исходот од гласањето“, се заклучува во соопштението на организаторите на Евровизија.

Тоа, како што пренесуваат српските медиуми би можело да значи дека на нивната претставничка Констракта би можело да и се повлечат единствените 12-ки што ги доби синоќа, бидејќи тие „дојдоа“ од соседството – Хрватска и Црна Гора. Жирито на Македонија синоќа на Констракта и додели 10 поени.

Претставничката на Србија на синоќешното натпреварување заврши на петтото место, додека земја-победник беше Украина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content