СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Тутнарите ги чекаат субвенциите

Доколку тутунарите не ги добијат субвенциите во најскоро време голем дел од површините планирани за оваа култура ќе останат не посадени, предупредуваат од Сојузот на здруженија на тутунопроизводители.

И покрај најавите дека парите ќе ги добијат до крајот на април тоа не се случило. Велат сеидбата на новата реколата е во полн ек и токму сега им требаат овие средства за да може да ги покријат производствените трошоци кои биле зголемени за неколку пати. Во спротивно речиси извесно било намалување на и така намаленото производството, а со тоа и неисполнување на склучените договори со откупните организации.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството велат дека средствата се обезбедени, но се чекаат измените на законот за земјоделство и рурален развој кои веќе биле испратени во Собранието.

„За да се изврши исплата на директните плаќања за произведен и продаден тутун во регистрирани откупни претпријатија агенцијата чека на донесување на предлог измените на законот за земјоделство и рурален развој со кој ќе се одложи примената на законската одредба дека сите земјоделски стопанства вклучувајќи ги и тутунарите треба да се проверуваат за доспеани, а неплатени обврски спрема УЈП“, информираа од агенцијата.

Од таму додаваат дека средствата  во висина од близу 1.3 милијарди денари веќе се обезбедени, а исплатата ќе била веднаш по донесувањето на законската измена.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content