Skip to content

На што сè се жалат граѓаните во АХВ

47

Жалба за лоша миризба во влез во станбена зграда во чија непосредна близина (во соседниот влез) има ресторан или пржилница за риба, напад на јастреб и усмртување јато гулаби што ги чува подносителот на претставката, барање да се отстрани осило од јавна површина (парк), лаење на бездомни кучиња, порачана машина за везење преку интернет чии карактеристики не соодветствуваат со она што е рекламирано, се дел од претставките што годинава ги поднеле граѓаните, велат за „Слободен печат“ од Агенцијата за храна и ветеринарство. До институцијата стигнуваат и прашања за квалитетот и за здравствените придобивки од консумирање одредени видови леб и бели печива, несоодветен квалитет на лебот… Еден од побизарните случаи е купувањето странска машина за везење преку интернет, платена со картичка 50 долари, за што во поштенското сандаче е добиен плик со две платнени маски!

Поднесувањето претставки, предлози, прашања и жалби од граѓаните до Агенцијата за храна и ветеринарство за прашања што не се во наша надлежност, најчесто се должи на нивната недоволна информираност за надлежностите на институциите во државава. Доколку поднесената претставка не е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, таа се препраќа до надлежните институции или органи за постапување – објаснуваат од АХВ.

 

Инаку, во базата на податоци за поднесени претставки до Агенцијата, која ја води Одделението за заштита на потрошувачите, од почетокот на годинава досега се поднесени 401 претставка. Од нив, 141 биле основани, а 151 биле неосновани. Претставките што не спаѓаат во ниедна од овие групи се во фаза на постапување. Дел од нив се отфрлени бидејќи немало доволно прецизни податоци за да се разгледаат или се препратени до надлежни институции за постапување по наводи што не се во надлежност на Агенцијата.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио