На скопскиот аеродром приведени деветмина турски државјани со лажни документи

58

На скопскиот аеродром синоќа биле приведени деветмина државјани на Турција кај кои биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани.

Според информациите, се работи за Е. Т. (42), О. Е. (33), А. Ј. (29), К. А. (29), Е. С. (27), М. Е .А. (30), Х. Т. (28), М. З. (21) и В. С. (25), сите од Република Турција.

Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content