СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

На едно семејство во август му требале 34.342 денари за да ги покрие основните потреби

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Според овие податоци, во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат најмалку за осум илјади денари или во тој случај синдикалната кошница би изнесувала 42.342 денари.

Најмногу пари се одвојуваат за храна и пијалоци – 14.633 денари, а за домување 10.818 денари. За лична хигиена потребни биле 2.382 денари, а за превоз минимум 2.529 денари. За културни активности минимум биле потребни 1068 денари, а за здравје 736 денари.

Оттаму сметаат дека е оправдано нивното барање минималната плата да биде најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата бидејќи две минимални плати не се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content